spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Градоначалникот и Советот на Општина Битола го попречуваат функционирањето на детската...

МТСП: Градоначалникот и Советот на Општина Битола го попречуваат функционирањето на детската градинка „Естреја Овадија Мара“

МТСП целосно и докрај го спроведува Законот за заштита на децата, со цел детските градинки да ја извршуваат својата основна функција, згрижување на децата од предучилишна возраст.

Во согласност со извршениот редовен инспекциски надзор, во ноември 2021 година, инспекциската служба утврди дека иако има законска обврска, Советот на општината ги нема донесено Годишната програма на општината за 2022/2023 г. и Годишниот извештај за работа на предучилишната установа за 2021 г. за ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“, со што го попречил згрижувачко-воспитниот процес на околу 700 деца во девет објекти.

 

Поради повреда на одредбите од Законот за заштита на децата, МТСП до градоначалникот Тони Коњановски и Советот на Општина Битола достави укажување за постапување за избор на член на Управен одбор од редот на вработените во установата.

Поради непостапување во даден рок, МТСП донесе Решение за одземање на надлежноста на градоначалникот и на Советот Општина Битола, во делот на избор и разрешување на член на Управен одбор во ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“.

Речиси идентична состојба има и во ЈОУДГ „Мајски Цвет“- Битола, нема донесено Годишна програма, Извештај за работа во предучилишна установа, ниту е именуван член на  УО од редот на вработените.

МТСП ќе продолжи да се грижи за сите деца згрижени во предучилишните установи и ќе ги спроведува одредбите од Законот за детска заштита, при што секогаш ќе  се спротивстави на обидите за политизација на законското работење на институцијата.

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

Велес: Општината ќе добие ново Јавно Осветлување

0
Општина Велес ќе добие ново јавно осветлување. Старите светилки ќе бидат заменети со нови паметни лед светилки. Македонски Телеком е носител на договорот за...