Податоците се од Државен завод за статистика / Enti shtetëror i statistikës, а анализирани во рамките на проектот на UN Women за воведување на родовата перспектива во администрацијата на централно ниво (Gender Equality Facility – GEF). Проектот го спроведува UN Women Skopje во партнерство со Secretariat for European Affairs и Министерство за труд и социјална политика финансиски поддржан од Embassy of Sweden in Skopje.
Проектот нуди поддршка на клучни тела во Владата на РСМ задолжени за процесот на интеграција во ЕУ за поефективно спроведување на националната и меѓународните законски рамки за родова еднаквост и правата на жените.
Во рамки на проектот ве покануваме да ја посетите изложбата: Родова еднаквост денес за одржливо утре, во East Gate Mall ќе трае до 8 април.
Содржината на изложбата е на македонски, албански и англиски јазик и специјално адаптирана и за помлада публика. Изложбата е од едукативен карактер, се осврнува на историјата на борбата за родова рамноправност, како и актуелната состојба по прашањето на родова еднаквост во нашата држава.