spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаПеточни разговори

Петочни разговори

Секретаријатот за европски прашања, започна со реализација иницијативата на Центарот за обука на СЕП под наслов „Петочни разговори“. Се работи за куси едночасовни средби на вработените во СЕП од неформален карактер на кои ќе се претстават определени личности кои се инволвирани во процесот на европска интеграција но и во работењето на администрацијата, на кои настани ќе бидат отворени теми или прикажани искуства, кои потоа ќе бидат проследени со дискусија.

Првиот „Петочен разговор“ го започнавме со гостувањето на двајцата резидентни странски експерти во Секретаријатот за европски прашања: г-ѓа Соланж Масловски, експертка од Република Франција, и г. Умер Ал-Катиб, од СР Германија, политички советник на заменик претседателот задолжен за европски прашања, г. Бојан Маричиќ. Тие ги претставија своите портфолија и искуства, како и активностите во нивниот тековен мандат. Настанот го модерираше г. Драган Тилев, државен советник во Секретаријатот за европски прашања.

На настанот зедоа учество околу 40 вработени во Секретаријатот за европски прашања, и имаа можност да се запознаат со можностите на соработка со двајцата експерти/советници, како и кусо да поразговараат за аспектите на процесот на проширување на ЕУ во тековниот контекст.

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте