Во рамки на соработката со Република Грција, а под склучениот Меморандум за разбирање, Секретаријатот за европски прашања, како координатор на активностите под истиот, организира обуки на теми во кои грчките партнери можат да понудат вредни информации и искуства.
На 28.03.2022 г. понеделник, се одржа вебинарот на тема „Governance of Energy Community and the Regulation 1999/2018“. На вебинарот државните службеници од министерството за економија, министерството за животна средина и просторно планирање, органи во состав, Секретаријатот за европски прашања, како и претставници од субјектите на енергетскиот пазар, ја имаа можноста да го слушнат грчкото искуство во преточување на оваа регулатива на ЕУ во конкретни планови и документи.
Ваквите настани отвораат можности за развивање на дополните активности во доменот на јакнење на административните и институционалните капацитети под овој Меморандум, или пак посебни поединечни соработки, а отвора можности и за користење на инструментите на ЕУ, ТАИЕКС и Твининг.