spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Работна средба со компанијата "Startup Macedonia"

МИОА: Работна средба со компанијата “Startup Macedonia”

Во рамки на силните заложби за понатамошна модернизација на администрацијата и дигитализација, министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити вчера оствари работна средба со програмскиот директор на компанијата ,,Startup Macedonia”, Игор Маџов.

 

На средбата се разговараше за можностите за соработка, при што беа презентирани идеи поврзани со иновативните технологии, во насока на обезбедување дигитални услуги коишто ќе го олеснат животот на граѓаните.

Истакнувајќи дека дигитализацијата како процес е една од најбитните цели кон коишто сме фокусирани, министерот Алити изрази уверување и оптимизам дека соработката, преку конкретни чекори во иднина, ќе биде плодна и ефикасна. Тоа ќе значи осовременување на администрацијата, како и нови бенефити и благосостојба за граѓаните.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...