spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Нов парк од 5.700м2

Аеродром: Нов парк од 5.700м2

Општина Аеродром ќе добие нов парк од 5.700 квадратни метри во Реонски центар Аеродром, значаен придонес во неговата изведба и уредување ќе биде обезбеден од страна на Шведска, а ќе го спроведе канцеларијата на УНДП.

Шведска претставува најголем билатерален донатор меѓу ЕУ-земјите во нашата држава. Во посета на Аеродром вчера беше шведската амбасадорка Кристин Форсгрен Бенгтсон, која заедно со градоначалникот Тимчо Муцунски направија прошетка низ општината и обиколка на локацијата на која ќе биде поставен овој парк.

Градоначалникот Муцунски на амбасадорката ѝ презентираше некои од врвните приоритети за развој на општината во наредниот период, меѓу кои највисоко место зазема и заложбата за чиста и здрава животна средина.

Оваа заложба се потврдува со тоа што предвидениот парк се наоѓа на локација на која до неодамна беа предвидени градежни маркици за изградба на станбени објекти, а по иницијатива на градоначалникот беа пренаменети во парк кој ќе зафаќа површина од 5.700м2.

 

 

 

 

Извор: Општина Аеродром

Прочитајте

МЖСПП: Меџити – Нема да се гради асфалтна база во...

0
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити ја посети индустриската зона Визбегово, каде се сретна со...