spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: ONE HEALTH конференција 2022 година

АХВ: ONE HEALTH конференција 2022 година

Европската агенција за безбедност на храна (EFSA) во соработка со Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), Европската агенција за хемикалии (ECHA), Европската агенција за животна средина (EEA), Европската агенција за лекови (EMA) и Заедничкиот истражувачки центар (JRC) на Европската комисија оваа година повторно организираат ONE HEALTH конференција која ќе се одржи во периодот од 21 до 24 јуни 2022 година ви Брисел, Белгија.

Конференцијата е предвидена да претставува четиридневен настан кој ќе започне со воведна пленарна сесија и потоа ќе биде проследена со серија индивидуални сесии групирани во четири тематски области (ONE Life, ONE Planet, ONE Society и MANY Ways), секоја фокусирана на конкретни аспекти од безбедноста на храната.

Индивидуалните сесии ќе бидат надополнети со дополнителни настани и можности за креирање и ширење на мрежи и за учесниците кои ќе учествуваат со физичко присуство и за оние кои конференцијата ќе ја следат виртуелно.

Завршната пленарна сесија ќе го заокружи настанот обезбедувајќи стратешка насока за тоа како дополнително да се подобри безбедноста на храната.

Пред официјалниот почеток на конференцијата ќе се спроведат серија дополнителни настани, во форма на работилници.

 

Цели на Конференцијата

Конференцијата има за цел:

  • Да ја анализира безбедноста на храната и храната за животни од поширока перспектива на одржливост.
  • Да го истражи можниот развој во науката за проценка на ризик.
  • Да обезбеди рефлексијаза идните стратешки цели и насоки за регулаторната наука.
  • Да обезбеди придонес за нови политички цели како што е Зелениот договор на Европската унија.

 

За кого е наменета Конференцијата?

Конференцијата е наменета за научници, експерти и други засегнати страни од различни области со цел да се разгледа безбедноста на храната во пошироката перспектива на одржливите системи за храна, да се дискутира за можностите и предизвиците при спроведувањето на пристапот „Едно здравје“ и да ги истражат новите случувања во науката за проценка на ризик.

 

Регистрација и учество

За да учествувате на Конференцијата ONE 2022, пополнете го формуларот за онлајн регистрација online registration form и одберете го начинот на учество.

Пријавувањето за виртуелно учество ќе остане отворено за целото времетраење на конференцијата; крајниот рок за пријавување за физичко учество е 29 април 2022 година.

Учеството на Конференцијата е без финансиски надомест без огледа на тоа дали е виртуелно или со физичко присуство.

По завршување на регистрацијата, потенцијалните учесници ќе бидат информирани дали се избрани да учествуваат на Конференцијата со физичко присуство.

Повеќе информации и целосната програма на Конференцијата се достапни на веб-страната на Конференцијата: https://www.one2022.eu/

 

 

 

 

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 

Прочитајте