spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Градоначалникот Ѓорѓиевски заедно со пожарникарите на опожарениот објект во Пржино

Кисела Вода: Градоначалникот Ѓорѓиевски заедно со пожарникарите на опожарениот објект во Пржино

Веднаш по добиената информација за избувнатиот пожар во напуштениот објект во населбата Пржино, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски со општинските служби излезе на терен со цел да помогне во справување со огнот. Им се заблагодари на екипите на Противпожарната бригада и МВР кои и покрај отежнатите временски услови успеаја да го локализираат пожарот. Воедно, поради информациите кои кружат за влијание на човечки фактор во овој немил настан, апелираше за брза и сериозна истрага.

 

-Во попладневните часови изби голем пожар во населба Пржино. По добиената информација дека гори објект, веднаш со службите излеговме на терен да им помогнеме на пожарникарите и од  она што тука го дознавме е дека се работи за објект на старо училиште кое во моментов е во приватна сопственост.

Сакам да се заблагодарам на екипите на Противпожарната бригада и МВР кои и покрај отежнатите временски услови беа на висината на задачата и пожарот е локализиран и што е најважно нема човечки жртви, ниту повредени. Нема зафатени ниту други домаќинства наоколу.

Исто така сакам да изразам благодарност и на соседите кои излегоа во пресрет и ги ставија на располагање хидрантите од своите објекти. Ние како Општина, исто така на располагање го ставивме и хидрантот од градинката што е во непосредна близниа.

Апелирам до МВР сериозно и до крај да го истражи овој случај бидејќи како што добив информација овде, не станува збор за постоечка инсталација која била под напон, туку претпоставувам дека се работи за човечки фактор кој влијаел да дојде до сето ова, а доколку сето тоа се потврди – да одговара пред лицето на правдата- -изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода 

Прочитајте

МЖСПП: Пресек на реализираните активности на проектот „Подобрување на отпорноста кон...

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска учествуваше на завршниот состанокот на Управниот одбор на повеќегодишниот проект „Подобрување на отпорноста кон...