spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Грижата за лицата со попреченост е наша одговорност и приоритет, заедно...

МТСП: Грижата за лицата со попреченост е наша одговорност и приоритет, заедно продолжуваме да ги носиме најдобрите решенија за унапредување на нивните права

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со родителите на децата со попреченост кој најавуваат протести за да ги слушне нивните барања, а со цел да се разгледаат реалните можности за нивно реализирање.
Министерката се осврна на социјалната реформа со која правата и услугите за лицата со попреченост видливо се подобрени.

„Правото за попреченост се прошири и за лицата со  интелектуална попреченост, додека додатокот за надоместок за плата за скратено работно време за родител кој чува дете со попреченост се зголемува до 50% од просечна нето плата без разлика на возраста на децата,“ рече Тренчевска.

Таа информираше дека, за првпат во нашата држава, се воведе услугата персонална асистенција за лица со потешка или најтешка телесна попреченост и потполно слепи лица финансирана од Буџетот на МТСП, како и услугата помош и нега во домот за децата и лицата со интелектуална попреченост или стари лица со намалена функционалност.

„Воведовме додаток – траен надоместок за родител, , во висина на 8000 денари, кој се грижел за детето со попреченост до неговата 26 годишна возраст без истото да користи услуга на вон-семејна социјална заштита (сместување во институција), кој е невработен и не користи право на пензија, по наполнување на 62 години на живот за жена, односно 64 години на живот за маж,“ посочи Тренчевска.

Развојот на современите политики за лицата со попреченост се видливи и преку воведувањето на Меѓународната класификација на функционирањето при проценката на децата со попреченост.
Министерката истакна дека, со новиот начин на проценка се напушта стариот медицински модел на гледање на попреченоста, односно се заменува со немедицинско гледање кое ги проценува јаките страни и способности на децата и младите, како и потребната поддршка што детето треба да ја добие за да ужива еднакви можности како своите врсници и да може да го развие својот потенцијал.

Владата од оваа учебна година обезбеди средства за вработување на 500 образовни асистенти во наставата за кои се обезбедени 216 милиони денари и кои се поддршка на наставниците во работата со учениците со попреченост, а Министерството за труд и социјална политика направи законски измени со кои возрасната граница за користење на услугата на личната асистенција ја намали од 18 години на 6 години, со што сакаме да го поддржиме вклучувањето на децата во  редовниот образовен систем и во општеството во целина.

Министерката информираше и за програмите и мерките на Оперативниот план, кои предвидуваат oбука и вработување на невработени лица за обезбедување услуги на грижа во заедницата. Лицата кои ќе се обучат можат да бидат даватели на социјалните услуги, услуги за одмена на семејна грижа, и социјално-здравствени услуги со кои се обезбедува долготрајна грижа за болни лица. Ова е можност и за невработените родители за деца со попреченост да се обучат и вработат, со што ќе обезбедат приход за себе и своето семејство.

Министерката потенцираше дека за Владата и Министерството за труд и социјална политика, грижата за ранливите категории граѓани, особено лицата со попреченост е високо на агендата на приоритети. Потврда за тоа е непосредноста и отвореноста за комуникација со цел да се разговара за потребите и предизвиците на лицата со попреченост и нивните семејства, а со цел да се унапредат нивните права. За тоа потврдува и денешната средба, која беше иницирана да се слушнат нивните барања и да се пристапи кон нивно решавање.

 

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Град Скопје: Соопштение

0
Град Скопје преку проектот „ЕУ за чист воздух“ финансиран од Европската Унија, денес обезбеди донација од шест автобуси на компримиран природен гас. Овие автобуси...