spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) ја посети општината

Илинден: Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) ја посети општината

Претставници на Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) ја посетија општина Илинден при што остварија работна средба со градоначалникот Александар Георгиевски.

На средбата се разговараше за заедничката соработа остварена меѓу ГИЗ и општина Илинден во делот на имплементирање на БФЦ сертификатот, како и имплементирање на регионалниот проект „Управување со отпад од пакување од стакло во Западен Балкан“.

Градоначалникот Георгиевски им се заблагодари за досегашната поддршка истакнувајќи дека општината и во иднина сака да ја продолжи оваа успешна соработка со ГИЗ во имплементација на повеќе проекти.

За време на средбата на претставниците од ГИЗ им беа дадени конкретни информации за начинот на примарната селекција на комуналниот отпад во која се користат садовите добиени преку проектот.

Истовремено им беа презентирани и придобивките на општина Илинден со добивањето на сертификатот во делот на регионалната соработка и можностите за аплицирање и добивање на проекти, како и сигурноста што им се нуди на идните компании кои што сакаат да инвестираат во Општината.

По завршувањето на работната средба беа посетени неколку локации каде што се поставени садовите за собирање и селектирање на комуналниот отпад.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...