Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити завчера оствари работна средба со претставниците на компанијата AustriaCard.
На средбата се разговараше за можностите за соработка, при што од страна на компанијата беа презентирани активностите како и последните ИТ продукти со кои оваа компанија работи на пазарите во Европа, Африка и Сад.
Министерот Алити од своја страна ги посочи проектите кои МИОА ги спроведува во однос на дигиталната трансформација, истакнувајќи дека таа останува една од врвните заложби во нашата држава.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација