spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Интензивно се работи на подобрување на квалитетот на воздухот во нашата...

МЖСПП: Интензивно се работи на подобрување на квалитетот на воздухот во нашата држава

Програмата „ЕУ за чист воздух“ која опфаќа повеќе проектни активности, како и степенот на реализација на активностите за отстранувањето на опасните хемикалии складирани повеќе десетици години во малата депонија во поранешниот индустриски комплекс „ОХИС“, беа темите на денешниот состанок што државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова го одржа со оперативниот директор и програмскиот менаџер во Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Александру Албу и Адриана Мицу, специјалистот за комуникации и партнерства при Канцеларијата за проектни услуги на Обединетите Нации (UNOPS), Вера Јовановиќ и програмскиот менаџер при UNOPS, Александар Владичевски.

 

На состанокот беше нагласена важноста од постојаната размена на информации како и потесната координација на Делегација на ЕУ во Северна Македонија, UNOPS и релевантните национални чинители со институциите одговорни за имплементација на европскиот проект за чист воздух, предводени од Министерството за животна средина и просторно планирање: Министерствата за здравство, култура, правда, образование и наука, труд и социјална политика – и други релевантни институции кои се одговрни за почист воздух, вклучително и единиците на локалната самоуправа.

Се дискутираше и за улогата на мобилните мониторинг станици како квалитативно дополнување на државниот мониторинг систем кои треба да им помогнат на локалните самоуправи во следење на квалитетот на воздухот, а воедно стана збор и за урбаното зазеленување и нејзината улога во намалувањето на штетните  аеро-честички во урбаните населби, енергетската ефикасност на јавните објекти, замената на нееколошките системи за загревање, набавка на нови автобуси за поеколошки транспорт во Скопје и слично.

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...