spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Се уредува страничното и средишно зеленило на булеварот Александар Македонски...

Град Скопје: Се уредува страничното и средишно зеленило на булеварот Александар Македонски на излезот од Скопје

Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве работат на средување на страничното и средишно зеленило на булеварот Александар Македонски на излезот од Скопје.

На потегот од ,,Агросервис” до надвозникот на автопатот Скопје – Велес се коси тревната површина и диво израсната вегетација, а се собираат и отпадоци од средишната жардиниера и страничното зеленило покрај автопатот.

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“  континуирано работат и на чистење на парк шумата Водно. Во рамките на овие активности, екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ изминатата недела собраа два полни камиони со отпадоци.

 

 

Апелираме до граѓаните да се грижат за природата, да го одложуваат отпадот во најблиската корпа за отпадоци и да го одржуваме Водно чисто.

 

 

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

Мицкоски: Инвестираме низ целата територија на Македонија, започна изградба на детска...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на поставување на камен темелник за изградба на детска градинка во рамките на...