spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Меморандум со УСАИД за подобрено буџетирање и искористување на ресурсите...

Град Скопје: Меморандум со УСАИД за подобрено буџетирање и искористување на ресурсите на општините

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска во рамки на настанот од Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД), за нови партнерства и подобро општинско буџетирање, со цел зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите на општините, го потпиша Меморандумот за соработка со УСАИД. Со меморандумот ќе се овозможи зајакнување на одржливоста на општинските финансии и унапредување на процесот на фискална децентрализација на Градот Скопје.

Градоначалничката посочи дека позитивните реформи за зголемување на степенот за децентрализација можат да создадат добра основа за креирање на уште поповолни политики кои влијаат на добро локално владеење, но и се добредојдени во насока да го зајакнат гласот на единиците на локална самоуправа во креирањето на националните политики.

-Верувам дека со овој меморандум за соработка, заедно ќе овозможиме подобрување на функционалноста на локалната даночна администрација и зголемување на наплатата на приходите од сопствени извори. Ова е од особена важност за одржлив и инклузивен општествен и локален економски развој, но и чекор кон зголемување на општествената одговорност на сите општествените чинители, истакна Арсовска.

Градоначалничката дополни дека оваа клучна соработка може да допринесе за надминување на предизвиците, за подобрување на процесот на буџетирање и да создаде позитивно поместување во насока на обезбедување одржливост во општинските финансии. Воедно унапредувањето на процесот на фискална децентрализација, е неопходно со цел да им се овозможи на општините потребната самостојност во делувањето, но и поголема самостојност во реализација на проекти во интерес на граѓаните.

 

 

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

МЗШВ: Трипуновски – МЗШВ не постапило согласно законските одредби, со што...

0
Почитувани медиуми, Од денес повеќе нема ништо да биде исто. Започнуваме со објавување на сите сомнителни случаи и афери од претходното раководство на Министерството за...