spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаКовачевски: Реновираниот Оддел за онкологија е за нови победи на децата-херои во...

Ковачевски: Реновираниот Оддел за онкологија е за нови победи на децата-херои во борбата со канцерот

По повод одбележувањето на Светскиот ден на здравјето – 7 Април, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со првиот вицепремиер и министер за политички системи и односи меѓу заедниците, Артан Груби, и министерот за здравство Беким Сали, го посетија целосно реновираниот Оддел за онкологија на ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести во рамки на Клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“.

„Овој модернизиран капацитет значи подобра услуга за пациентите, задоволни здравствени работници и уште повеќе излекувани деца. Ова Одделение за онкологија, претставува огромна надеж за победа за сите деца-херои, кои се соочуваат со подмолни малигни болести. Целта е да продолжиме да бидеме дел од трендот кој покажува дека канцерот може да се победи, преку раната детекција, навремената реакција и соодветното лекување”, рече премиерот Ковачевски.

Според опремата и капацитетите на одделението, овој Оддел е единствен од ваков тип оддели во земјата, со интенција да прерасне во Регионален центар за лекување на деца со канцер, каде ќе се лекуваат деца од земјава, Косово и Србија.

Премиерот Ковачевски изрази благодарност до компанијата АД „Макстил“ која со донација од 250 илјади евра покажа општествена одговорност и лојалност кон заедницата.

Премиерот Ковачевски истакна дека во врвот на приоритети на Владата е осовременувањето и подобрување на условите во здравствениот систем, со што за секој граѓанин се обезбедува еднаков пристап до квалитетни здравствени услуги. Крајната цел е да се искоренат различни болести и намалување на морбидитетот и морталитетот, како и преземање мерки и активности за превенција.

„Нека е честит Светскиот ден на здравјето! Честитки до сите оние кои се вклучени во подигањето на свеста, дека најважно е постојано да го градиме и подобруваме квалитетот на нашиот живот и животот на нашите деца”, рече премиерот Ковачевски.

 

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Велес: Поддршка на учениците и менторите за одвоените награди

0
Општина Велес обезбеди финансиска поддршка за ученици и ментори со освоено прво, второ или трето место на државен, меѓународен или олимписки натпревар. Поддршка им...