Почитувани граѓани, општина Гази Баба започнува со кампања „Нулта толеранција за корупцијата во општина Гази Баба“ Не молчи пријави!
Заедно против корупцијата“ Во Гази Баба нема да се толерира коруптивно однесување, нема да се толерира која било друга форма на неетичко, казниво или друго незаконито однесување. Општина Гази Баба се стреми кон развој на силна организациска структура и кохерентен систем за управување со интегритет.
Поаѓајќи од заложбите за владеење на правото, обезбедување на одржлив економски и општествен развој, поттикнување на јавната доверба во локалните власти, целосно и непречено остварување на правата и слободите на граѓаните, градоначалникот Бобан Стефковски ја воведе Политиката на интегритет во која се утврдени начелата за идната работа на администрацијата и истата е доставена до Државната комисија за спречување на корупцијата како надлежен орган во Република Македонија.
Од денес (08.04.2922 г.) секој граѓанин има можност да пријави корупција во рамките на општина Гази Баба на следните начини:
Со повик, смс или на viber 24 часа на тел. број 075 346 938
На емаил: prijavikorupcija@gazibaba.gov.mk
Директно кај определен службеник во кабинетот на градоначалникот.
Извор: Општина Гази Баба