spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Реализација на првата надзорна проверка на систем за управување со...

Гази Баба: Реализација на првата надзорна проверка на систем за управување со квалитет ISO 9001 : 2015

Во просториите на општина Гази Баба завршен состанок одржаа претставници на раководството за квалитет на системот за управување со квалитет ISO 9001 : 2015 од општината, Демир Исљами и Сања Димовска. Тие ја реализираа првата надзорна проверка на системот за управување со квалитет ISO 9001 : 2015 заедно со претставникот на Интерцерт – сертификациско тело кое врши сертификација на ISO 9001 : 2015, ISO 22000, I SO 27001, ISO 50001, HACCP, Васко Темелковски.

Целта на ова надзорна проверка беше да се утврди усогласеноста на документацијата и работењето на општината согласно стандардите. Сите заклучоци од проверката се базираат на собраните докази по принцип на случаен избор, давајќи можност да ја покажат ефикасноста на системот за управување, контрола на процесите како и напредок кон остварување на поставените цели.

Значењето од спроведените активности за општина Гази Баба значи да се придонесе преку експертско знаење во целиот процес на работа и да се осигура систем за управување ќе ги исполни поставените цели.

По завршувањето на целиот процес, проверувачите составија детален извештај со сите позитивни наоди, можности за подобрување во одредени ситуации и неусогласености кои треба да се отстранат за да може системот да биде ефективен и ефикасен.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...