spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: По повод Светскиот ден на здравјето вработените успешно ја завршија...

Град Скопје: По повод Светскиот ден на здравјето вработените успешно ја завршија обуката по прва помош за работни организации

По повод Светскиот ден на здравјето, вработени во Град Скопје успешно ја завршија обуката по прва помош за работни организации. Обуката ја реализираа претставници од Центарот за прва помош на Црвен крст на град Скопје, а учествуваа претставници од сите сектори на градската администрација.

Со завршувањето на оваа обука вработените се стекнуваат со основни и специфични вештини и практики од првата помош, наменети според специфичноста на работната организација.

За успешно завршената обука, Секретарот на Црвен крст на град Скопје, Сузана Пауновска на вработените им додели сертификати.

Во оваа пригода, Пауновска ја поздрави одличната соработка со Град Скопје и го истакна големото значење на обуката за прва помош, изразувајќи уверување дека во наредниот период сите вработени од градската администрација успешно ќе ја завршат.

 

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

МЗШВ: Николовски да не се понижува на прес конференција, времето на...

0
Љупчо Николовски без срам излезе на прес конференција да говори за предлог Буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. На прес конференцијата покажа едно...