spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Османи на НАТО министерскиот состанок

МНР: Османи на НАТО министерскиот состанок

Министерот Бујар Османи учествуваше на редовниот состанок на Северно-атлантскиот совет на ниво на  Министри за надворешни работи, што се одржа во седиштето на НАТО во Брисел.

Централна тема на сесиите беше актуелната безбедносна состојба предизвикана од руската воена инвазија во Украина, како и мерките и активностите што Алијансата ги презема за гарантирање на безбедноста на сите земји членки на НАТО.

Воедно, стана збор и за новиот Стратешки концепт, што треба да одговори на новата геополитичка реалност и да постави идна стратешка визија за Алијансата.

На посебна сесија на која учествуваа и министрите за надворешни работи од партнерските земји како и високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борељ стана збор за односите на НАТО со партнерите и начинот за натамошно унапредување на соработката и поддршката од страна на Алијансата, а со цел зајакнување на нивната отпорност.

Министерот Османи и во оваа прилика најостро ја осуди руската агресија во Украина, особено  грозоморните убиства на цивилното население и повика на итен прекин на огнот, при што  ја реафирмира нашата солидарност со Украина. Воедно, ја нагласи неопходноста за натамошно зајакнување на присуството на НАТО во Западен Балкан , како регион подложен на зголемено влијание од страна на трети држави.

“Западен Балкан е неизоставен дел од идната безбедносна структура во Европа. Затоа евроатлантската и европската интеграција на Западен Балкан е безбедносно прашање и алатка за зајакнување на стабилноста. Оттука упатуваме јасна порака за што поскоро отпочнување на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, што е од круцијално значење за зачувување на регионалната и европската безбедност.” – истакна Османи

Во рамки на состаноците, министерот Османи оствари билатерални средби со своите хомолози од Финска и Словачка.

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

МОН: Стипендии за докторски и пост-докторски студии на француски јазик во...

0
Министерството за образование и наука споделува информација дека во тек е конкурс за доделување на стипендии за докторски и пост-докторски студии на француски јазик...