spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМаричиќ: Инклузијата на Ромите останува во фокусот на новите ИПА програми

Маричиќ: Инклузијата на Ромите останува во фокусот на новите ИПА програми

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ имаше обраќање по повод свеченото одбележување на Светскиот ден на Ромите, во кое честитајќи го празникот истакна дека обврска на сите е да ги почитуваме различностите и да ги негуваме заедништвото и мултикултурализмот.
– Политиките за инклузија на Ромите се меѓу врвните приоритети на Владата рефлектирани и во четиригодишната Програма за работа каде, меѓу другото, се обврзуваме дека за време на нашиот мандат ќе се фокусираме на подобрување на социјалната сигурност и развојот на Ромите, истакна вицепремиерот Маричиќ, посочувајќи дека заложбата на Владата за Ромите е содржана и во неодамна донесената Стратегија за Ромите 2022-2030, како и во Декларацијата од Познан усвоена во јули 2019 година во рамките на Берлинскиот процес.
Вицепремиерот Маричиќ посебно ја нагласи важноста на инклузијата на Ромите и за процесот на европска интеграција на земјава и постигнатите резултати во овој аспект со искористување на европските фондови за проекти за оваа цел. Тој издвои неколку реализирани и планирани проекти за Ромите во неколку општини, меѓу кои Прилеп, Битола, Виница, Шуто Оризари, Велес, Кичево, Штип и Кочани, за кои се обезбедени европски пари.
– Во рамки на ИПА III Ромите се поддржани преку ИПА 2022 Акцискиот документ за подобрено здравство, социјална заштита и родова еднаквост, кој предвидува активности за подобрена ефективност на системот за превенција и заштита на родово и семејно насилство преку  пристап до специјализирани и други суштински социјални услуги, истакна Маричиќ, додавајќи дека инклузијата на Ромите ќе биде во фокусот и на новите програми во рамките на ИПА III за 2023 година.
Вицепремиерот Маричиќ рече дека и покрај сите вложени напори и постигнати резултати, има сè уште предизвици, дека треба уште заеднички да се работи за целосна инклузија на Ромите во општеството и дека ќе продолжи унапредувањето на правната и институционалната рамка за суштинска инклузија на Ромите во сите општествени сфери.

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...