Се одржа првиот работен состанок на координативното тело за изработка на новиот Просторен план на Република Северна Македонија 2020-2040 година.
„Наша задача е да креираме модерен Просторен план, кој ќе одговара на современите услови и потреби и кој ќе претставува визија за тоа како ја замислуваме иднината на нашата држава долгорочно – рече министерот Нуредини во воведното обраќање, при што нагласи дека во креирањето на концептот за изработка на Планот се почитуваат сите принципи на просторното планирање, вклучувајќи го и принципот на интегралност и демократичност и дека се вклучени и 8-те плански, развојни региони во Државата, кои обезбедија линк со сите единици на локалната самоуправа (претставувани од нивните градоначалници). На тој начин овозможено е согледување на потребитете и визии за локален развој, како и полесно обезбедување на соодветната потребна документација од пониско ниво.
Според Нуредини, следен чекор е подготовката на Програмската задача на Планот која треба да ги даде основните насоки за неговата изработка, а токму тука министрите на сите ресори, ја играат клучната улога, во посочувањето на генералните правци за посакуваната интегрална, хармонизирана развојна политика.
Членови на координативносото тело се сите министри и директорите на Агенцијата за катастар на недвижности на РСМ и на Државниот заводот за статистика, а изработувач на Просторниот план е Агенцијата за планирање на просторот.
На состанокот се усвои деловникот за работа, беше презентирана легислативата за изработка и донесување на Просторниот План и видови документи потребни како документациона основа.
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање