spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Ј А В Е Н П О В И K...

Центар: Ј А В Е Н П О В И K за прибирање барања за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите

ОПШТИНА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ

Врз основа на Законот за здруженија и фондации („Службен весник на Република Македонија” бр. 52/10, 135/11 и 55/16), Општина Центар-Скопје објавува

 

Ј А В Е Н  П О В И K

за прибирање барања за користење средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2022 година, наменети за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите

 

Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2022 година, од Програмата ЕО-Општинска администрација, ставка 463 – Трансфери до невладини организации, потставка 463110 – Трансфери до здруженија и фондации, ќе се врши во согласност со Правилникот за постапката и начинот на распределба на финансиски средства од Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите на Општина Центар-Скопје за 2022 година и врз основа на критериумите и приоритетите што се наведени во овој повик.

 

  1. Вид проекти што ќе бидат финансиски поддржани:

 

Средствата од Буџетот на Општина Центар-Скопје ќе се користат за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите преку грантови за програми (проекти) во следниве приоритетни области:

  • помош и заштита на лицата со физички или со ментален хендикеп и попреченост во развојот и лица со посебни потреби
  • заштита и поддршка на децата и на младите
  • поддршка на физичкото и менталното здравје кај децата и младите во време на пандемија
  • развој на социјални услуги за потребите на граѓаните во социјален ризик
  • развој на услуги и поддршка на процесот на образование
  • меѓуопштинска и/или меѓународна соработка
  • заштита на животната средина и одржлив развој
  • развој на демократијата, граѓанското општество и човековите права
  • заштита на жртви при семејно насилство

 

Здруженијата и фондациите треба да понудат креативни и иновативни проекти со осмислени програми и содржини што може да се имплементираат во Општина Центар-Скопје во приоритетните области определени со Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2022 година.

 

  1. Прeдвидени средства

За финансирање на понудените програмски активности, во согласност со овој Јавен повик, ќе се користат средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2022 година.

 

  1. Доставување извештај

 

Здруженијата и фондациите на кои ќе им бидат доделени средства во согласност со Програмата и Правилникот за постапката и начинот на распределба на финансиски средства од Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите на Општина Центар-Скопје за 2022 година по завршувањето на своите програмски активности имаат обврска да достават Извештај за користењето на средствата до Секторот за поддршка на Градоначалник на Општина Центар-Скопје и до Секторот за финансиски прашања на Општина Центар-Скопје.

 

 

  1. 4. Право на учество и критериуми

 

Право на учество во Јавниот повик ќе имаат здруженијата и фондациите со седиште на територијата на Општина Центар-Скопје како матична општина каде што физички ќе се реализираат проектите, а кои ги исполнуваат следниве критериуми:

 

– да се регистрирани како здружение или фондација во согласност со Законот за здруженија и фондации, со седиште во Општина Центар-Скопје;

 

– да имаат активна трансакциска сметка и активен статус на дејствување од најмалку една (1) година;

– да дејствуваат на територијата на Општина Центар-Скопје;

– да поднеле извештај за користење на средствата од Буџетот на Општината, ако за 2021 година добиле средства преку Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите;

– да се занимаваат со активности и проекти од јавен интерес во согласност со Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите на Општина Центар-Скопје за 2022 година.

  1. Потребна документација што здружението/фондацијата треба да ја достави со Пријавата за финансиска поддршка на здруженија и фондации.

 

Здруженијата и фондациите што учествуваат во Јавниот повик треба да достават:

  1. Пополнета пријава на јавниот повик за финансиска подршка од општина Центар;
  2. Решение за регистрација на здружението или фондацијата или Тековна состојба од Централен регистер на РМ не постара од 6 месеци;
  3. Активна трансакциска сметка на здружението или фондацијата што се пријавиле на Јавниот повик на која може да се префрлат добиените средства;
  4. Завршна сметка за 2021 година и
  5. Извештај за работењето на здружението/фондациите за 2021 година.

 

Напомена: Пријавата за финансиска поддршка се достапни на веб-страницата на Општина Центар-Скопје (www.opstinacentar.gov.mk). Пријавите со нецелосна документација или пријавите што ќе бидат доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.

 

  1. Рок и начин на доставување на пријавите.

 

Рок за поднесување на пријавите е 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето на веб-страницата на Општина Центар-Скопје, односно најдоцна до 21.04.2022 година до 15 часот.

Пријавата со целокупната документација може да се достави преку пошта на адреса:

Општина Центар-Скопје

ул. „Михаил Цоков“ бр.1

1000 Скопје

или во Архивата на Општина Центар-Скопје (барака 6) од 9.00 до 15.00 часот.

Здруженијата и фондациите учесници во Јавниот повик ќе бидат известени за резултатите по објавувањето на Одлуката за распределба на средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2022 година за финансирање на здруженија и фондации во „Службен гласник на Општина Центар-Скопје“.

Називите на здруженијата и фондациите што добиле средства за проектите од областите во Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите ќе бидат објавени на веб-страницата на Општина Центар-Скопје (www.opstinacentar.gov.mk).   

 

ОПШТИНА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ

Прилог 1 – пријава на конкурс

 

 

 

 

 

Извор: Општина Центар

Прочитајте

МЛС: Подобрена е ефикасноста за заштита и превенција од пожари во...

0
Министерството за локална самоуправа со поддршка на Владата на Швајцарија овозможија кумановските пожарникари побрзо и поефикасно да се справуваат со пожарите на отворено преку...