spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Јавен повик за финансирање проекти од областа на спортот за 2022...

Центар: Јавен повик за финансирање проекти од областа на спортот за 2022 година

Врз основа на член 22 став 1 точка 5 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/02), а во врска со Програмата за спорт и рекреација на Општина Центар-Скопје за 2022 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 21/21), Општина Центар-Скопје објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за финансирање проекти од областа на спортот за 2022 година

 

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Општина Центар дава финансиска поддршка на спортски клубови, спортисти-поединци, здруженија и други организации што со спроведувањето проекти од областа на спортот придонесуваат за негова промоција, унапредување на и афирмација, подобрување и зголемување на спортските успеси на домашен и на меѓународен план.

Право на учество во Јавниот повик имаат спортски клубови, спортски здруженија, спортисти-поединци и други организации од областа на спортот што имаат регистрирана дејност спорт, за организирање и спроведување проекти од областа на спортот, како и за дејност од јавен интерес.

 

УСЛОВИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ

За да учествуваат во Јавниот повик, подносителите на проектите треба да ги исполнуваат следниве услови и критериуми:

  • Со проектот да е опфатен поголем број млади (деца, младинци);
  • Предложената проектна активност да овозможува привлекување на граѓаните и нејзина поголема достапност;
  • Проектот да предвидува рамномерна старосна и родова застапеност;
  • Проектот да придонесе за афирмирање на домашен и на меѓународен план на млади професионални спортисти;
  • Документација со која се потврдуваат постигнатите резултати на подносителот на проектот;
  • Со проектот да се афирмираат различни спортови и активности;
  • Финансиски план за потребните средства за реализација на проектот.

ПРАВО НА УЧЕСТВО

На Јавниот повик може да се пријавуваат спортски клубови, спортски здруженија, спортисти-поединци и други организации од областа на спортот, со  регистрирани седишта во Општина Центар-Скопје, чии дејности се одвиваат на територија на  Општина Цента-Скопје. Проектот со кој се пријавуваат треба да се реализира на територија на Општина Центар-Скопје или во него да се вклучени жители на Општината.

Пријавените треба да имаат најмалку две години искуство во областа на спортот.

 

КРИТЕРИУМИ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА КВАЛИТЕТОТ НА ПРОЕКТОТ

– Во проектот да има вклучени стручни кадри;

– Да има добро формулирани цели и ефекти од имплементацијата на проектот;

– Да содржи план за вклученост на заедницата во реализацијата на проектот;

– Да работи на анимирање на спортските активности во Општината.

 

КОМИСИЈА ЗА ЕВАЛУАЦИЈА

Проектите ги разгледува стручна комисија формирана од Градоначалникот на Општина Центар-Скопје.

 

НАЧИН И РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Пријавувањето на проектите се врши со доставување пријава. Јавниот повик и пријавите за него ќе бидат објавени на интернет-страницата на Општина Центар-Скопје (www.opstinacentar.gov.mk).

Пријавите може да се пратат до Општина Центар-Скопје, ул. „Михаил Цоков“ бр. 1, 1000 Скопје, или да се поднесат во архивата на Општината најдоцна до 15 часот на последниот ден од Јавниот повик.

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

– пополнета пријава;

– портфолио на подносителот на проектот;

– биографии на лицата вклучени во проектот;

– правна потврда за регистрација и работа на здружението/организацијата(за здруженија и клубови);

– потврда за обезбеден простор на кој ќе се изведуваат проектите (за здруженија и клубови) или потврда за учетво во проектната активност (за спортисти-поединци) .

 

ПОСТАПКА ВО ВРСКА СО ЈАВНИОТ ПОВИК

Пријавите доставени по завршувањето на Јавниот повик, пријавите пополнети на несоодветен образец и нецелосно пополнети пријави нема да се разгледуваат.

Материјалите и пријавите што се доставени за Јавниот повик не се враќаат.

Јавниот повик ќе трае 15 дена од денот на објавувањето односно до 21.04.2022 година до 15 часот, а ќе биде објавен на интернет-страницата на Општина Центар-Скопје (www.opstinacentar.gov.mk).

Учесниците писмено ќе бидат информирани за резултатите од Јавниот повик.

Износот на финансиската поддршка ќе се одредува според големината и квалитетот на проектот, а во рамките на предвидените средства во Програмата за спорт и рекреација и Буџетот на Општината.

 

ОПШТИНА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ

Прилог 1 – пријава на конкурс

 

 

 

 

Извор: Општина Центар 

Прочитајте

Карпош: Градоначалникот Јакимовски на одбележувањето на денот на Тиват

0
Четиричлена делегација од Карпош предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовски, членот на Општинскиот Совет, Александар Илиески и директорките на основните училишта „Димо Хаџи Димов“ и...