Како дел од посетата на Талин, Естонија, Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити имаше средба со генералниот директор за информации (GCIO) и заменик генералниот секретар за дигитален развој во Министерството за економски прашања и комуникации, Luukas Kristijan.
Во фокусот на состаноците и разговорите беа прашањата за сајбер-безбедност, интероперабилност, потоа информации од е-здравство и е-избори. Исто така се одржаа средби во Министерството за правда и во Министерство за економски прашања и комуникација на Естонија.
Оваа посета се реализира на покана на Фондацијата Метаморфозис, овозможена преку програмата Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА, имплементирана од Фондацијата Метаморфозис.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација