spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Министерот Тупанчески го отвори настанот - Годишен извештај на Државниот...

МП: Министерот Тупанчески го отвори настанот – Годишен извештај на Државниот совет за превенција на детско претстапништво за 2020 година

Министерот Тупанчески ја поздрави работата на Советот и истакна дека овој извештај е од исклучително значење имајќи го предвид фактот дека истиот е концепиран врз основа на индикатори кои ни даваат целосна слика за реализираните активности од страна на надлежните тела и институции за остварување на правата на децата.

Изготвената анализа на податоците претставува солидна основа за опсервирање на состојбите во оваа сфера и за изнаоѓање на соодветен модел кој би го примениле во нашиот систем, притоа, основна водилка треба да биде заштитата на децата.

Токму затоа, Министерството за правда како и досега ќе продолжи да дава неизмерна поддршка на активностите на Државниот совет кои се во насока на натамошно зајакнување на институционалните и човечки капацитети за превенција на детското престапништво и дека препораките од овој извештај ќе бидат во голема мера реализирани, а клучните предизвици ќе бидат надминати и сето тоа ќе биде нотирано и во наредниот извештај на Советот.

 

 

 

Извор: Министерство за правда

Прочитајте