Нов најсовремен систем за компјутерска томографија е ставен во функција на Клиниката за пулмологија. Ова е значително зајакнување на капацитетите на Клиниката, што значи и побрз пристап на пациентите до дијагностичките процедури, истакна министерот за здравство Беким Сали, на завчерашната промоција на новиот компјутерски центар на Клиниката.
Опремата е обезбедена преку ИПА фондовите, во рамки на финансиска поддршка од ЕУ за набавка на медицинска опрема. За таа цел, на Клиниката е вработен и стручен кадар кој ќе ракува со апаратурата – четворица радиотехнолози и двајца доктори специјалисти радиолози.
Паралелно со оваа набавка, Клиниката за пулмологија и алергологија од сопствени средства набави и најнов дигитален РТГ апарат, со што установата комплетно се опреми со најнова апаратура, а за пациентите е овозможен побрз пристап до потребните дијагностички процедури.
Извор: Министерство за здравство