Секретаријатот за европски прашања организираше пленарен состанок на Секторска работна група за локален и регионален развој, како дел од првиот циклус на состаноци за зајакнување на секторскиот пристап кој беше воспоставен со ИПА 2 а ќе продолжи да се применува и во рамките на ИПА 3.
Целта на состаноците беше презентација на стратешките приоритети на Министерството за локална самоуправа со цел информирање на членовите на секторските работни групи и подобрување на координација на националните ресурси, ресурсите од билатералните донатори , Делегацијата на ЕУ и поддршка во нивната реализација.
Приоритетите на локалната самоуправа се хоризонтална активност која треба да се планира и спроведе имајќи ги предвид стандардите на ЕУ и принципите на демократијата. Имено сите општини во земјата треба да имаат пристап до исти инструменти и можности, а тоа се обезбедува преку хоризонталната координација на Министерството за локална самоуправа. На денешниот состанок се увиде дека интересот на донаторите во овој сектор е огромен па оттука произлегува и потребата од постојана координација и транспарентност и инклузивност во планирањето на идните проекти кои ќе се финансираат од донаторите, вклучително и ИПА3.