Општина Петровец континуирано вложува во поставување и проширување на канализационата мрежа во индустриската Мултифункционалната зона Ќојлија.
Целта на овие вложувања е создавање поволни услови за привлекување на нови инвеститори но и за веќе постоечките кои се одлучиле да инветираат во зоната. Поставена е канлизациона мрежа во должина од 695 метри со дијаметар на цевките од Ф-600. Финансиската конструкција за оваа инвестиција изнесува околу 4.300.000 денари, финансиски средства во целост обезбедени од Буџетот на Општина Петровец.
Извор: Општина Петровец