На вчерашниот работен состанок меѓу министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и претставници на компанијата SAP, се разговараше за можностите за соработка на полето на дигитализацијата.
На состанокот беше истакната значајната улога на дигиталната трансформација, меѓу другото и во однос на унапредувањето на работата на администрацијата. Во таа насока, од страна на компанијата беа презентирани продукти, модули и услуги поврзани со дигитализацијата. Соговорниците се согласија дека користењето на дигиталните алатки и платформи водат кон зголемување на ефикасноста и ефективноста на услугите кон граѓаните.
Воедно, министерот Алити ја повтори силната заложба за професионална администрација, поддржана од интензивна дигитализација, оптимална структура и иновативни процеси и техники.
Заклучок од овој состанок е дека комуникацијата ќе продолжи во иднина, преку конкретни идеи и активности.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација