На вчерашната средба министерот Тупанчески изрази благодарност за досегашната соработка што двете земји ја имаа особено во однос на поддршката за реформите во правосудниот сектор од страна на Република Латвија што беше изразена со успешната имплементација на ИПА 2011Твининг Проектот ,,Зајакнување на владеење на правото‘‘.
Соговорниците се сложија дека клучен предизвик во моментов е спроведување на реформите и градење на ефикасен правосуден систем кој ќе одговори на потребите на граѓаните.
Извор: Министерство за правда