spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниПрилеп: Фото кино клубот „Прилеп“ со 9-та по ред изложба на уметнички...

Прилеп: Фото кино клубот „Прилеп“ со 9-та по ред изложба на уметнички фотографии „Јордан Зазоски-Зазо“

Во ликовниот салон на НУЦК „Марко Цепенков“ се одржа традиционалната изложба на Фото кино клубот „Прилеп“ на која што учество зедоа 60 автори со исто толку фотографии.

Во клубот има околу 200 членови од кои 80-тина работат активно и е единствениот во Република Македонија кој што работи со млади.

Претседателот на клубот Сашо Попоски истакна дека се надева и очекува се повеќе млади во иднина да се одлучат за овие технички науки како видео и кино техниката.

„Ми претставува огромна чест што сум присутен на еден ваков настан за љубителите на фотографијата и воопшто за сите граѓани на Прилеп, настан кој што полека но сигурно веќе прерасна во традиција за сите Прилепчани и денес со задоволство ќе погледнеме тука изложени 60 уметнички фотографии од исто толку автори.

Денешната изложба покажува дека Фото кино клубот функционира, важи за еден од најдобрите клубови во Република Македонија и им дава шанса на сите млади луѓе да ја покажат својата креативност и правилно да го насочат својот талент.

Исто така сакам да напоменам дека Локалната самоуправа и јас како градоначалник ќе продолжиме да помагаме на Фото кино клубот и ќе бидиме значајна поддршка во идните планови и проекти, со цел заедно да допринесеме во афирмација на сите а особено на младите фотографи од нашиот град.“ – рече градоначалникот Јовчески во своето поздравно обраќање пред присутните.

На изложбата присуствуваше и сопругата на Јордан Јорданоски-Зазо.

Идната година ќе биде јубилејна изложба, а од клубот се надеваат дека ќе ја одбележат со најголем број на фотографии до сега.

 

 

 

 

Извор: Општина Прилеп 

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...