spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
Home@дминистрацијаМИОА: Посветени сме на реформи и професионализација на администрацијата, транспарентно и отчетно...

МИОА: Посветени сме на реформи и професионализација на администрацијата, транспарентно и отчетно владеење и подобрена испорака на електронски услуги

Во првите 100 дена од работата на Владата во Република Северна Македонија, Министерството за информатичко општество и администрација се фокусираше на неколку приоритети, како што се Проценка на национална онлајн безбедност на децата за Република Северна Македонија, развој на 135 нови електронски услуги, имплементација на услугата – „Извод од казнена евиденција за правни лица“ – услуга која е јавно достапна на националниот портал за електронски услуги. Истотака, во најава има уште две услуги: Издавање на уверение за кривична евиденција, и Издавање на потврда од евиденција за изречена санкција.

Со подршка на УСАИД, оформена е работната група за сајбер безбедност на критичната инфраструктура каде учествуваа претставници и од други институции и приватен сектор кои се од критична важност за нашата држава.

Министерството за информатичко општество и администрација предложи нов систем на плати за административните службеници, усогласувајќи се со Законот за минимална плата. Основна цел на предлог на законот е постигнување на еднаквост на вработените во приватниот и јавниот сектор со најниски примања преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата, како и обезбедување на континуитет на промените на платите во администрацијата во однос на минималната плата на национално ниво, како долгорочна цел.

Професионализација на администрацијата е високо на листата на приоритети. За таа цел се финализираат новиот Закон за вработени во јавниот сектор, Законот за административни службеници и Законот за висока раководна служба. Со овој пакет закони се разграничува политичкото од професионалното ниво, се утврдуваат јасни линии на отчетност на високите раководители, што овозможува унапредување на јавните услуги и зајакнување на доброто владеење како иманентен принцип на работење на јавната администрација. Исто така се обезбедува зголемена ефикасност и ефективност на постапките за управување со човечки ресурси и јасно се регулира мерит постапката за вработување и избор на најдобриот кандидат.

Работиме и на пилот програма за реорганизација на органите на државната управа, агенциите и инспекциските служби на централно ниво. Целта е воведување на јасни линии на отчетност, нова хиерархиска поставеност и запазување и разграничување на функциите креатор на политики, имплементатор и надзор.

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Кичево: Се приклучуваме на кампањата „Општина на дланка“

0
Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина на дланка“, иницијатива која има за цел да ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната...