spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМаричиќ-Вархеј: Мора да се направи исчекор во евроинтеграциите, сега е вистинско време...

Маричиќ-Вархеј: Мора да се направи исчекор во евроинтеграциите, сега е вистинско време за тоа

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања одржа состанок со Оливер Вархеји, еврокомесар за проширување и соседска политика на ЕУ, на кој низ конструктивен дијалог и во позитивна атмосфера разговараа за европската перспектива на земјава и за важноста за деблокирање на евроинтеграциите.

– Бевме и ќе останеме посветени на одржување на позитивни резултати во спроведувањето на реформите, како што е потврдено во последниот извештај на ЕК за земјата, и никој не може да го негира тоа. Веќе е време да се даде нов тек на нашата европска агенда и да ги започнеме преговорите со Европската Унија, рече вицепремиерот Маричиќ.

На состанокот заеднички е констатирано дека европските интеграции на Северна Македонија и на регионот се единственото трајно решение за обезбедување траен мир и стабилност и на Западен Балкан и на Европа, и дека треба да се направи чекор напред во евроинтеграциите, во интерес на сите.

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј ја потврди поддршка на евроинтегративниот процес и го истакна неговото очекување дека со Бугарија да го изнајдеме најдоброто решение, во интерес на двете земји.

Вицепремиерот Маричиќ на состанокот укажа и на нашата посветеност на евроинтеграцискиот процес, брифирајќи го еврокомесарот Вархеј за работата и приоритетите на Секретаријатот за европски прашања, како и за потребата од затворање на прашањето со Бугарија и деблокирањето на евроинтеграциите на Северна Македонија.

– Постојаното одлагање на добивање датум за почеток на преговорите, се одразува на домашната политика, го зголемува евроскептицизмот, но и загриженоста за геополитичката стабилност, истакна Маричиќ, додавајќи дека ние сме веќе докажан партнер на ЕУ и дека верувам оти со Бугарија ќе се изнајде европско решение, кое ќе биде конкретен резултат и чекор до полноправно членство Северна Македонија во Европската Унија.

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

Карпош: Градоначалникот Јакимовски на одбележувањето на денот на Тиват

0
Четиричлена делегација од Карпош предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовски, членот на Општинскиот Совет, Александар Илиески и директорките на основните училишта „Димо Хаџи Димов“ и...