На протоколарна средба со новоименуваниот чешки амбасадор Н.Е. Јарослав Лудва му ја честитав новата функција вонреден и ополномоштен амбасадор на Чешката Република во Северна Македонија.
Со оглед дека Република Чешка постојано ја поддржува нашата држава во процесот на пристапување кон Европската Унија,убеден сум дека поддршката за постигнување на барањата на ЕУ ќе биде посилна за време на чешкото претседателство со Советот на ЕУ.
Во разговориот се потврди ставот дека амбасадата на Чешката Република во Скопје има многу проактивна улога кога станува збор за соработка во областа на заштитата на животната средина и очекувањето таквата соработка и понатаму да продолжи особено во делот на заштита на природата и заштитените подрачја.
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање