spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот...

ДЗС: Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, март 2022 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2022 година, продажните цени на производителите на
индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 5.2 % на месечно и за 22.3 % на годишно ниво.
Во март 2022, во споредба со февруари 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во групите Енергија за 5.7 %, Капитални производи за 28.8 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 5.8 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.3 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 1.7 %.
Во март 2022, во споредба со март 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 40.9 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 25.9 %, Капитални производи за 73.7 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 6.1 % и Нетрајни производи за широка
потрошувачка за 10.9 %.

 

  Преземи го соопштението во целост

   Преземи табели

 

 

Извор: Државен завод за статистика

Прочитајте

Градоначалник Манчев: Од 2021 година си поставив за цел да го...

0
1. Какви реформи се случуваат во општинската администрација во Босилово? Реформите во делот на администрацијата се случуваат со законски измени или дополнувања на законите на предлог на Владата...