Во рамки на активностите посветени на 50-годишнината од основањето на Албанската академија на науките, директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), Илбер Села учествуваше на Националниот саем на академска и научна книга.
За време на престојот во Тирана, директорот Села учествуваше на повеќе промоции на книги, по што ги поздрави, повикувајќи на соработка.
Поконкретно, директорот учествуваше на промоцијата на книгата “Nën hijen e Çinarit”, чиј автор е Азис Положани; во промоцијата на публикацијата “Fjalor leksiko-frazeologjik dhe etnolinguistik i Malësisë së Madhe” од лингвистот Ѓовалин Шкуртај; во промоција на публикацијата “Aspekte të gjuhësisë së zbatuar” од лингвистот Томор Плангарица, во промоција на публикацијата “Monografia e Universitetit të Tetovës”.
Оваа посета беше искористена и за средби и нови познанства на полето од заеднички интерес.
Извор: Агенција за примена на Јазикот што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните