spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Излезе првиот електронски градски културен магазин „Скопје култ“

Град Скопје: Излезе првиот електронски градски културен магазин „Скопје култ“

Културно информативниот центар – Скопје го издаде првиот електронски градски културен магазин кој е насловен „Скопје култ“ и претставува водич за сите културни случувања во градските културни установи во Скопје.

Првиот број на „Скопје култ“ е издание за месеците април-мај 2022 година. Магазинот ќе излегува како двомесечник, во електронска форма, ќе може да се преземе бесплатно на социјалните мрежи на КИЦ, а во моментов е достапен на следните линкови:

https://fliphtml5.com/ldesr/rzbn
или
https://issuu.com/kulturnoinformativencentar/docs/_001

„Скопје култ“ ќе донесува преглед на културните настани во градот, како и авторски статии. Целта е да се разбуди интересот кај граѓаните за културата и уметноста, а културните вредности да се доближат до целата градска средина.

Од Културно информативниот центар објаснуваат дека „Скопје култ“ е резултат на идејата дека Скопје заслужува магазин што ќе го издигне квалитетот на културниот живот и има намера да прерасне во задолжително четиво на урбаната пoпулација.

Во тековната 2022 година се предвидени пет броја од овој магазин, четири двомесечни и еден декемвриски, како специјално ретроспективно издание.

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте