spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЛС: Подготвени сме да го отвориме Законот за локалната самоуправа, време е...

МЛС: Подготвени сме да го отвориме Законот за локалната самоуправа, време е за преиспитување на системот преку широк процес на консултација

Видео обраќање: https://we.tl/t-zilI6JT4Mj

 

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски најави дека Министерството за локална самоуправа е подготвено да го отвори за консултација Законот за локалната самоуправа и другите закони кои што се однесуваат на локалната самоуправа, Законот за меѓуопштинска соработка, Законот за градот Скопје, а ако се наметне за потребно и Законот за територијална организација на локалната самоуправа.

– По 20 години од донесувањето, подготвени сме да го отвориме Законот за локалната самоуправа, во пакет со другите закони од областа. Законот за локалната самоуправа е системски закон, свесни сме за значењето и улогата на локалната самоуправа за демократскиот и за економскиот развој на државата и затоа ќе  организираме широк консултативен процес, ќе бидат поканети сите засегнати страни, граѓанскиот, бизнис секторот, експертската и академската јавност, секој граѓанин. Процесот ќе го водиме со вклученост на сите надлежни министерства, со ЗЕЛС и со локалните власти, сакаме да дојдеме до решенија кои што ќе обезбедат поголема стабилност и функционалност на општините, поголема отчетност и одговорност на локалните власти и поголема вклученост на граѓаните, рече министерот Милевски.

Министерот за локална самоуправа зборуваше и за поддршката од Владата и од Министерството за локална самоуправа за развој на општините и на планските региони.

– Преку контируирана работа, само во изминатите 100 дена, отворени се два  јавни повици за нови проекти и се финансирани 48 проекти за прекугранична соработка и за развој на општините  во вкупна вредност од 20 милиони евра. Јавниот повик за проекти од Програмата за територијална соработка Еуро-Мед е отворен до 24 мај, а јавниот повик за проекти од ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Србија е отворен до 8 јуни. Сите одобрени проекти ќе бидат кофинансирани од Министерството за локална самоуправа во износ од 15%.

Во изминатите 100 дена се потпишани договори за кофинансирање на 7 проекти од ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Србија, 11 проекти од ИПА Програмата меѓу Северна Македонија и Албанија, одобрени се 22 проекти од ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Грција, а се финансират и  8 проекти преку Програмата “ЕУ за општините”.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за локална самоуправа 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...