spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Преку обуки ги поддржуваме жените до полесно вработување или почнување на...

Центар: Преку обуки ги поддржуваме жените до полесно вработување или почнување на сопствен бизнис

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски завчера додели сертификати за завршени обуки во рамки на проектот „Промовирање на родово-одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“.

Проектот кој беше реализиран од Општина Центар и UN WOMEN, опфати невработени жени и жени со идеја да започнат сопствен бизнис. Истите денеска се стекнаа со сертификати од областа на развој на бизнис идеја и бизнис план, претприемништво и менаџерски вештини, дигитален маркетинг, онлајн продажба и употреба на дигитални технологии.

Градоначалникот Герасимовски им посака успех во идните професии, понатамошен напредок и доусовршување.

„Се надевам дека обуките ќе ви помогнат во профилирање на вашите идни професии, а како и досега, Општина Центар и јас како нејзин градоначалник и понатаму ќе ви ја даваме потребната поддршка“, им порача Герасимовски.

Во рамки на овој проект веќе се реализираат и професионалните обуки за масери, кројачи, педикири и маникири. Овој проект, чии обуки ги проведува UN WOMEN, е поддржан од Швајцарија и Шведска.

Прочитајте

Бутел: Магична ФУДБАЛСКА вечер

0
НОВОГОДИШЕН ТУРНИР ВО ФУДБАЛ ПОД ПОКРОВИТЕЛСТВО НА ОПШТИНА БУТЕЛ Општина Бутел ја продолжи традицијата и оваа година,со задоволство беше покровител на четвртиот новогодишен турнир во...