spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаЗаедничкото негување на традициите ги зајакнуваат нашите врски и како пријатели и...

Заедничкото негување на традициите ги зајакнуваат нашите врски и како пријатели и како држави

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ беше гостин на ифтарска вечера во друштво на почитуваниот претседател на Големото народно Собрание на Турција, Мустафа Шентоп, а на покана на претседателот на Управниот одбор на Меѓународниот Балкански Универзитет, Реџеп Сулејман Оздил.

Маричиќ во своето поздравно обраќање пред присутните гости изрази благодарност за поканата, истакнувајќи ја како одлична можност заедно да ги одбележуваме и одржуваме живи ваквите традиции, кои ги зајакнуваат нашите врски и како пријатели и како држави.

– Деновите на рамазански пости се потсетник дека милосрдието, почитта, солидарноста, добрината, љубовта и простувањето се вредности кои треба да ги почитуваме и кои не обединуваат и сплотуваат како народи, рече вицепремиерот Маричиќ.

Тој додаде дека само заедно, во духот на овие вредности, можеме да изградиме подобра иднина.

 

Градењето „едно општество“ за сите, кое ги прифаќа различностите како богатство, е можност секој еден народ со својата култура и вера да придонесува во градењето на нашата земја и да покаже дека Северна Македонија им припаѓа на сите, дека сите заедно работиме да ја направиме уште подобро место за живеење, истакна Маричиќ.

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

Илинден: Поддршка на традиционалните културни вредности

0
Општина Илинден со своите активности континуирано спроведува активности кои се насочени кон зачувување и промовирање на традиционалните македонски музички културни вредности. За таа цел градоначалникот...