spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Дигитализација на судови, брз и едноставен пристап на граѓаните за добивање...

МП: Дигитализација на судови, брз и едноставен пристап на граѓаните за добивање документи, оптимални услови за вршење на судската и јавнообвинителската функција

Во првите 100 дена ги поставивме темелите за ефикасно, чесно и одговорно владеење.

Инсталирана е и ставена во употреба информатичкокомпјутерска опрема во судниците на 5 основни судови:Кавадарци, Струмица, Штип, Кривичниот и Граѓанскиот суд во Скопје со што ќе се зголеми транспарентноста и еднаквоста на странките во постапката. Потпишани се меморандуми за интероперабилност за побрза размена на податоци со институциите.

Обезбедени се дигитални услуги за граѓаните со што се овозможува брз, лесен и едноставен начин на барање и стекнување на документи или податоци:

кои се достапни  на националниот портал uslugi.gov.mk.
Успешно се спроведува системот за бесплатна правна помош за граѓаните. За 53,7% е зголемен бројот на барања за бесплатна секундарна правна помош.Примарна правна помош добиле речиси 20% повеќе граѓани во однос на претходната година.

Континуирано се преземаат активности во насока на обезбедување на оптимални услови за ефикасно вршење на судската и јавнообвинителската функција.Се залагаме за подобрување на нивниот статус и финансиска независност во општеството.

Започна обуката на  VIII-та генерација во Академијата на судии и јавни обвинители за едукација на кадри за судии и обвинители што претставува клуч за непрекинато функционирање на правната држава.

Одржани се јавни расправи за новите законски решенија:

  • Закон за помилување
  • Закон за вештачење
  • Закон за правда на децата.

Финализирање на имплементацијата на Стратегијата за реформа во правосудниот сектор 2017-2022.

Министерството за правда и во наредниот период ќе се фокусира на зајакнување на независноста, непристрасноста и транспарентноста на судскиот систем, подобрување на квалитетот и ефективноста   на судските услуги за граѓаните.

 

 

 

 

Извор: Министерство за правда

Прочитајте

Мицкоски: Ќе растат платите на сите вработени, но нема да растат...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе растат платите на функционерите...