Обезбедени се финансиски средства за капитални инвестиции во казнено поправните и воспитно поправните установи за 2022 година во износ од 14.433.000,00 денари. Се реализира и планот за спречување корупција во националниот затворски систем.
Во завршна фаза е реконструкцијата на зградата на Управниот суд.
Заокружена е законодавната агенда со сет закони кои се во собраниска процедура:
- Закон за Академија на судии и јавни обвинители
- Закон за парнична постапка
- Закон за адвокатура
- Закон за измени и дополнуввања на Кривичен законик
- Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета
- Закон за компензација на жртвите од кривични дела
- Закон за заштита на физички лица при обработка на личните податоци во врска со обработка на личните податоци за цел и спречување истрага,откривање или гонење на кривични дела или за извршување на кривични санкции.
Во фаза на изработка се :
- Кривичен законик
- Закон за кривична постапка
- Закон за судски буџет
- Закон за здруженија и фондации
- Закон за донации и спонзорства
- Закон за вонредна состојба
- Закон за процена
Министерството за правда интензивно работи на неколку проекти меѓу кои и изготвувањето на Граѓански законик кој ќе биде вклучен во новата Стратегија за реформа на правосудниот сектор 2023-2027 година.
Извор: Министерство за правда