spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Осумнаесетти поткомитет ЕУ-Северна Македонија за иновации, информатичко општество и социјална политика

МИОА: Осумнаесетти поткомитет ЕУ-Северна Македонија за иновации, информатичко општество и социјална политика

На 28 април 2022 година се одржа 18-от состанок на Поткомитетот за иновации, информатичко општество и социјална политика, чиј претседавач од страната на Република Северна Македонија беше Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, а од страната на Европската комисија, Алберто Камарата, заменик-шеф на Одделот за Албанија и Северна Македонија, во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската комисија.

Претставниците од засегнатите институции реферираа за напредокот на Република Северна Македонија во областите: образование и култура, информатичко општество и медиуми, социјална политика и вработување и истражување и иновациска политика.

Министерот Алити, во своето првично излагање им се заблагодари на претставниците на ЕК, другите европски институции и претставниците на институциите на нашата држава и истакна дека Владата на Република Северна Македонија останува посветена на спроведувањето на клучните реформи и организирање на ефикасен пристапен дијалог со Европската унија. Процесот на интеграција на Република Северна Македонија во ЕУ останува стратешки приоритет за развој, стабилност и просперитет на земјата.

 

Комисијата ги призна напорите на властите во Северна Македонија за надминување на ефектите од пандемијата на пазарот на трудот, како и на образовниот и културниот сектор, особено во однос на најранливите групи. Ја подвлече потребата од зголемување на финансиската распределба за политиките на вработување, социјалната заштита, образованието, истражувањето и иновациите и важната улога на дигиталните технологии во поддршката на економијата и ублажувањето на ефектите од пандемијата.

Меѓу другото, Комисијата ја поздрави значителната работа направена во областа на сајбер безбедноста и ги охрабри властите во Северна Македонија да ја усвојат одложената Национална стратегија за ИКТ. Комисијата, исто така, подвлече дека Северна Македонија треба да го усогласи своето законодавство со Кодексот за електронски комуникации на ЕУ, Директивата на ЕУ за намалување на трошоците за широкопојасен интернет и Директивата за безбедност на мрежи и информации (НИС).

Клучните наоди и заклучоци од овој 18 состанок ќе бидат приоритет на засегнатите страни во процесот на исполнување на своите обврски и приближување на државата кон евроинтегративните процеси.

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте