Министерот за образование и наука Јетон Шаќири во општина Чаир присуствуваше на промоција на монографијата „АРБЕРЕШИТЕ МЕЃУ РЕАЛНОСТА И МИТОТ“ на албанскиот автор Фатмир Точи. Се работи за дело посветено на историјата и сегашноста на Арберешите од Италија, кои се едни од најважните сочинители на националното стебло.
Промоцијата на моногафијата беше направена од општина Чаир во соработка со Институтот за културно и духовно наследство на Албанците и Издавачка Куќа Тоена, а присутни беа и повеќе други претставници на политички партии и владини институции, како и претставници на академската и научна заедница.
За време на настанот, од градоначалникот на Чаир предложи авторо Точи да биде прогласен за почесен граѓанин на општината, заради придонесот кон унапредување на соработката на Северна Македонија и Албанија токму преку општина Чаир.