spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Улично осветлување ќе има цела ноќ, ќе свети секоја втора сијалица

Карпош: Улично осветлување ќе има цела ноќ, ќе свети секоја втора сијалица

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски имаше состаноци со одделението за месна самоуправа и со одделението за енергетска ефикасност на кои се разговараше за воведување нови мерки за штедење на електрична енергија во уличното осветлување.

На средбата со секретарите на урбаните заедници на градоначалникот му беа пренесени, разгледани и прифатени предлозите на граѓаните кои предвидуваат исклучување на секоја втора светилка во периодот од 19.45 часот навечер до 4.30 часот наутро.

Го разгледувавме предлогот на секретарите на урбаните заедници дали може да свети секоја втора светилка од уличното осветлување. Го повикав одделението за енергетска ефикасност, како и фирмата која го одржува осветлувањето да видиме дали постои таква техничка можност. Ме уверија дека постои техничка можност. Тоа значи дека веќе овој викенд ќе воведеме промена на мерката за штедење, рече градоначалникот Јакимовски.

 

 

 

 

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...