spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАФПЗРР: Исплатени 221.229.139,00 денари за градинарско производство

АФПЗРР: Исплатени 221.229.139,00 денари за градинарско производство

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска изврши исплата по основ директни плаќања по обработлива земјоделска површина за градинарско производство и цвеќе на отворено и во пластеници.

Станува збор за исплата кон 11.393 корисници кои при аплицирањето за финансиска поддршка од програмата за директни плаќања пријавиле земјоделски површини на кои се обработуваат градинарски култури или ароматични, зачински и лековити растенија.

Вкупната финансиска поддршка која што е исплатена кон оваа категорија на земјоделски производители изнесува 221.229.139 денари.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој продолжува со обработка на барањата за финансиска поддршка предвидена во програмата за директни плаќања и интервентниот фонд за кои барања ќе следува исплата во следниот период за сите апликанти кои ги исполниле критеирумите и условите за добивање на финансиски средства.

 

 

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...