Општина Ѓорче Петров ги повикува сите невладини организации и здруженија од сите области на делување, кои егзистираат, делуваат на територијата на општината или соработуваат со општината да се регистрираат на веб страната на општината преку пополнување на пријавата која е објавена во прилог.
На овој начин ќе имаме поголема и поопширна соработка, побрза и подобра комуникација, отвореност за нови идеи, сугестии и предлози и заедно ќе придонесеме за подобри услови за сите во нашата општина.
Извор: Општина Ѓорче Петров