Акција за косење на нараснатите тревни површини, се одвиваше во текот на завчерашниот ден покрај трим патеката.
Од булеварот “Србија” до “Есенинова”, во должина од околу 2 км, 20-тина сезонски работници ангажирани преку Секторот за месна самоправа на Општина Кисела Вода, ја отстрануваа нараснатата вегетација.
Со цистерна беше испрана и патеката која фреквентно се користи за прошетки и рекреација во топлите пролетни денови.
Акцијата за косење на тревните површини и уредување на парковското зеленило продолжува и во наредниот период и ќе ги опфати сите месни и урбани заедници од општина Кисела Вода.
Извор: Општина Кисела Вода