spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Со 20 милиони денари се реконструира патот од Радовиш до Воиславци

МТВ: Со 20 милиони денари се реконструира патот од Радовиш до Воиславци

Министерот Благој Бочварски, пратеникот Коле Чаракчиев и директорот на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта Костадин Ацевски, извршија увид во рехабилитација на регионалниот пат од Радовиш до Воиславци.

„Градежната механизација е насекаде низ државата. И покрај надворешната криза која влијае и кај нас врз градежништвото, со сите сили се обидуваме да ги реализирме капиталните инвестиции. И досега добро ни оди. Денеска сме во Радовиш каде со директорот Ацевски вршиме увид во рехабилитација на регионалниот пат до Воиславци, многу важен патен правец за населените места околу Радовиш. Инвестираме 20 милиони за негова рехабилитација по барање на граѓаните од овој регион. Со ова ја подигнуваме безбедноста во сообраќајот а од друга страна овозможуваме сервисен пат за земјоделската механизација”, истакна министерот Бочварски.

Министерот истакна дека се работи насекаде низ државата, проектите не се стопирани и се реализираат со зацртаната динамика.

Директорот на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта Ацевски потенцира дека оваа година јавното претпријатие има обемна програма и дека моментално работат на реконструкција на преку десетина патни правци.

„Денеска поставуваме втор слој на асфалт на овој пат. Се реконструира околу 2 километри за што инвестираме околу 20 милиони денари. Јавното претпријатие за оваа година има обемна програма и се надевам дека до крај на година ќе реализираме се што сме сме зацртале. Имаме капацитет и градежната сезона ќе ја искористиме да ги рехабилитираме предвидените патишта”, истакна Костадин Ацевски директор на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...