spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: „Прилагодување на постојната Методологија за проценка на влијанието на регулативата и...

МИОА: „Прилагодување на постојната Методологија за проценка на влијанието на регулативата и подобрување на целокупното функционирање на системот за проценка на влијанието на регулативата“

На 9 мај 2022 година се одржа тркалезна маса на тема ,,Прилагодување на постојната Методологија за проценка на влијанието на регулативата и подобрување на целокупното функционирање на системот за проценка на влијанието на регулативата“ во организација на Министерството за информатичко општество и администрација, како одговорно министерство за управување со процесот на проценка на влијанието на регулативата (ПВР)  и СИГМА.

Потребите за прилагодување на тековната правна рамка за ПВР на реалните потреби, како и идеите за подобрување на целокупното функционирање на системот за ПВР во Република Северна Македонија беа предмет на дискусија на оваа тркалезна маса.

На средбата активно учество земаа претставници од ресорните министерства (координатори за ПВР и нивните заменици, практичари кои редовно се занимаваат со подготовка на закони и извештаи за ПВР).

Процесот на ПВР активно е присутен  речиси 10 години во нашата земја и во моментов  е добро да се направи преглед на научените лекции и да се планира негово унапредување.
Министерството за информатичко општество и администрација и СИГМА спроведоа мала анкета на крајот од 2021 година и почетокот од 2022 година за да се добијат повратни информации за искуствата на ресорните министерства при спроведувањето на ПВР. Врз основа на резултатите од анкетата и другите повратни информации, беа подготвени мали прилагодувања на Методологијата и Извештајот за ПВР, кои беа презентирани на тркалезната маса со цел да се објасни причината зад предложените прилагодувања и да се утврди нивната соодветност.
Дополнително, СИГМА го заврши својот редовен мониторинг на администрациите на Западен Балкан кон крајот на 2021 година. Оттука, во текот на средбата експертите на СИГМА ги споделија клучните наоди фокусирајќи се на креирањето политики базирано на докази – како за Северна Македонија така и регионално. Подоцнежната дискусија се искористи за да се утврдат идеи за можни подобрувања на системот за ПВР во Република Северна Македонија и наредните чекори.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

 

 

Прочитајте